КУЛТУРА

ВО МАЛА СТАНИЦА: ЗАТВОРАЊЕ НА ИЗЛОЖБАТА ЕКОЛОГИЈА НА ИДЕИ

Пo повод затворањето на изложбата Екологија на идеи вечерва во Мултимедијалниот центар Мала станица на Националната галерија на Република Северна Македонија во 20:00 часот можете да бидете дел од организирана посета на поставката предводена од драмскиот автор и куратор Џан Марија Черво и актерот и актерски перформанс во режија на Рикардо Феста од Италија. Поставката е дел од проектот Патиштата на хероите ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оваа организирана посета ќе вдоми и микро-опера како метафора за нашиот испреплетен однос со околината вклучувајќи зборови од добро познати ангажирани уметници во придужба на клабинг-амбиент. Микро-операта вклучува цитати од Џан Марија Черво, Хенрик Ибзен (чија драма Народен непријател беше поставена на сцената на Македонскиот народен театар од режисерката Нина Николиќ) и музика од Артуро Ањечино како и други современи композитори. Во изведбата, во режија на Рикардо Феста, ќе бидат вклучени актерите Александар Михајловски, Бојан Кирковски и Антонио Ташковски.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават на info@thewaysoftheheroes.com. Влезот е бесплатен.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...