СКОПСКИ ВЕСТИСЦЕНА

„Одења и слични кореографски решенија“ завршна претстава на Танц фест 2023

Со изведба на претставата „Одења и слични кореографски решенија“ во режија и кореографија на Филип Петковски, вечер во 20 часот на малата сцена во Националната опера и балет завршува 19-тото издание на фестивалот „Танц фест“.

Во претставата учествуваат Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Сара Цветковска, Давид Николовски и Борјан Ристовски. Музиката е на Давид Николовски, Виктор Филиповски, Горјан Стојменовски и Сашко Костов, а костимите ги изработи Антонија Гугинска Јорданоска.

Режисерот и кореограф Петковски за претставата вели дека е инспириран од бројни теоретизации за концептот кореографија, во шест слики, и  критички и телесно го преиспитува процесот на создавање  кореографија, користејќи го одењето како најбазично движење на човекот.

-Служејќи се со ритмика, физички театар и танц, претставата упатува критика кон потребата за спектакл заснован на комплексен танцов вокабулар и напорен тренинг за танцот да биде промулгиран и сметан за висока уметност, вели режисерот.

Филип Петковски е кореограф, режисер и доктор на науки по културолошки студии и изведбени уметности. До 2020 година работел како асистент на Катедрата за светска уметност, култура и танц на УКЛА, a режирал девет театарски претстави во земјава, Норвешка и САД.

Пред почетокот на претставата „Одења и слични кореографски решенија“, по повод Светскиот ден на танцот – 29 Април, ќе биде прочитана македонската порака што годинава ја напиша Александар Георгиев.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Герасимовски: Сајбер булингот е „злото“ на новото време, клучно е домашното воспитување

Сајбер булингот е „злото“ на новото време кое бара сериозен пристап од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Арсовска со навреди кон деканот на градежниот факултет: Тоа е оној кој од дома по пижами даваше дијагностика за мостот Беласица

Во интерјву за емисијата 360 степени градоначалничката на Скопје упати навреди кон...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Нова механизација за ЈКП „Гази Баба“ и изградба на спортски центар во Хиподром

Општина Гази Баба промовираше два нови проекти со вкупна инвестициска вредност од...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во скопската Зоолошка се одбележа Светскиот ден на нилскиот коњ

Вчера по повод Светскиот ден на нилскиот коњ, пред живеалиштето на Буцо...