СКОПСКИ ВЕСТИ

ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ ГОДИНАВА ЗА ТОНКИЦА МИТРОВСКА И ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ

Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година.
Признанијата и пригодните стилизирани значки ќе им бидат доделени на настанот што Кинотеката ќе го организира во текот на месец мај.
ТОНКИЦА МИТРОВСКА (р. 1948), дипломиран графичар по образование, е една од првите кои работат на анимиран филм во Македонија. Таа во нејзината кариера има соработувано со сите автори и режисери и е инволвирана во речиси сите филмови кои се во опусот на т.н. „Скопска анимирана школа“, односно на Студиото за анимација на „Вардар филм“ – кое практично е формирано како Одделение (Студио) за анимација при „Вардар филм“ – во мај 1975, во кое творат Дарко Марковиќ, Владимир Бороевиќ, Славољуб Игњатовиќ, Петар Глигоровски, Афродита Марковиќ, Делчо Михајлов, Боро Пејчинов, Тонкица Митровска, Мирослав Грчев, Милка Ковиловска, итн…
ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ (р. 1946) е композитор и автор на филмска музика. Дипломира на Музичката академија во Белград. Како автор на музика, се јавува во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број тв филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски престави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: ), за музиката во филмот СРЕЌНА НОВА ’49 – ги освојува наградите „Златна арена“за оригинална филмска музика на ФФ во Пула (1986) и Бронзена плакета „Милтон Манаки“ за музика на ФФ во Битола (1986), а добитник е и на три златни ловорови венци на МЕС – Сараево, за театарските престави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; добива и награда на критиката на Вториот интернационален фестивал во Мексико Сити за најдобра музика за преставата „Шехерезада“; потоа, на театарските игри „Војдан Чернодрински“, добива награда за музиката во театарската престава „Старите фотографии“, итн.
Константинов има богат опус и во компонирање музика за телевизиски филмови и серии, каде што е ценет како исклучителен автор-соработник на врвни режисери од земјата и регионот.
Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски-Доре; монтажерите Димитар Грбевски, Спасе Тасевски и Олга Лукова-Дончиќ; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...