СКОПСКИ ВЕСТИСЦЕНА

СЕДМО ИЗДАНИЕ НА ЏЕЗ ХЕПЕНИНГОТ: Today It’s All About Jazz

На 30 април, со почеток од 13 часот, во паркот “Ибни Пајко” ќе се одржи седмото издание на големиот целодневен џез хепенинг под наслов Today It’s All About Jazz, организиран од страна на Здружението за џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје.

Меѓународниот ден на џезот е прогласен во 2011 година  од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации со цел „да се истакне џезот и неговата дипломатска улога да ги обединува луѓето во сите краишта на светот“.  Овој ден се слави секоја година на 30 април, а идејата за негово одбележување потекнува од џез-пијанистот и амбасадор на добра волја на УНЕСКО, Херби Хенкок. Со Денот на џезот претседаваат Хенкок и генералниот директор на УНЕСКО. Прославата е забележана во календарите и на УНЕСКО, и на Обединетите нации.

“Институтот за џез Херби Хенкок” (поранешен “Институт за џез Телониус Монк”), американска невладина организација со која исто така претседава Хенкок, е водечки организациски партнер за Денот на џезот. Институтот ги координира активностите во земјите-членки на УНЕСКО, како и дел од прославите кои се случуваат глобално.

Од ЗЏМ најавуваат целодневен хепенинг на кој ќе настапат следните музички имиња: Џез за деца и млади, Квартет Акварела, Никола Бочваров Квартет, Филип Динев Трио – Филиp Динев/Тилман Обербек/Јан Цајмец, ЗЏМ Биг Бенд – Прект Запа, Јуре Пукл Орган трио – Јуре Пукл/Марко Чрнчец/Крис Смит и Адедџи “Јорува Одисеја”.

Денот на џезот ќе започне со програма за најмладите.  Со почеток од 13 часот, ќе се одржи креативна џез работилница за деца од 4 до 11 години која ќе ја води пијанистот и композитор, Гордан Спасовски.

Децата – учесници ќе се запознаат со основите на џезот, со музичките инструменти (ритам секција: пијано, бас, тапани, гитара, солистички инструменти), но и ќе бидат дел од процесот на создавање џез музичка композиција која на крајот ќе биде изведена пред публика.

По џез работилницата следува настап на младински џез состав во кој членуваат Петар Марков  – Маруш (гитара), Давид Ѓоргиев (тапани) и Симеон Будро (бас).

Filip Dinev Trio ft. Tilman Oberbeck/Jan Zeimetz e најновиот  авторски  проект  на  македонскиот  гитарист и композитор, Филип  Динев,  кој го реализира во соработка со Тилман Обербек на контрабас и Јан Цајмец на тапани/перкусии.

Триото настанува во Хамбург, и претставува еден од најавтентичните и најактивните музички џез состави во регионот.  Елементи од џез, балканска и класична музика се интегрален  дел од  композиторскиот  печат  на  Динев.  Концертот е  навестување  на  новиот  албум на триото, со наслов „Romann“, и второ интернационално авторско издание на Динев, снимено во Хамбург.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...