СКОПСКИ ВЕСТИ

 150 години од првите „Левис 501“

Овие фармерки првпат биле дизајнирани и патентирани во 1873 година.

„Левис 501“ е безвременско парче облека коешто, се чини, никогаш не излегува од мода поради неговиот едноставен и опуштен изглед и облик. Годинава се навршуваат 150 години од првиот дизајн.

Овие фармерки првпат биле дизајнирани и патентирани во 1873 година. Под тоа име – „Левис 501“, се познати од 1890 година, бидејќи тогаш компанијата „Левис“ ги означила сите свои модели со бројки.

Рамен крој на ногавицата, средно висок струк, различни бои тексас-платно – од класично светло-сино и темно-сино до помодерни верзии во розова или зелена боја, се најпрепознатливите одлики на овој вид фармерки. Препознатливиот заоблен преклоп на задните џебови е додаден во 1943 година, а тесните модели и растегливата тексас-ткаенина ѝ се приклучија на колекцијата во 2016 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Пролетен маскенбал на домашни миленици

ЈП „Лајка“ в недела напрадне  на „Школка“ во Градски парк организира добра...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Втора државна изложба на кучиња од расата „македонски паничар“

Кинолошкиот клуб „Македонски паничар“ в сабота во паркот во Ѓорче Петров ќе...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Поставена нова урбана опрема на плоштадот во Автокоманда

Изминатиот период се реализираа активности за поставување на нова урбана опрема на...