МАГАЗИН

Трите најдобри смуди за слабеење во кои се колнат нутриционистите

Овие три вкусни смуди можат да ви помогнат да се ослободите од надуеноста, да ги намалите килограмите и да ги избегнете нападите на глад.

Понекогаш со смудито што го правиме дома, убедени сме дека правиме нешто добро за нашето здравје и фигура, но може да содржи  толку калории и додадени шеќери како да сте изеле чинија со бисквити или колач. Секако, смудито и тоа како може да биде дел од стратегијата за здравје и за постигнување и одржување идеална телесна тежина (ако тоа е она кон кое целите), но само ако правилно го подготвите. Нутриционистите се согласуваат дека вметнувањето на нутритивно богатото смуди во вашето дневно мени може да помогне во спречување на зголемување на телесната тежина, така што ќе ги спречи нападите на глад и потенцијално прејадување, и може да поттикне слабеењето благодарение на изобилството на влакна кои обезбедуваат чувство на ситост и протеини кои помагаат во градењето на мускулите.

Пред да преминеме на рецептите, треба да ве потсетиме дека совршеното смуди нема магично да ги „избрише“вишокот килограми. Ако сакате да ослабете, мора да се справите со голем број други фактори кои играат важна улога во телесната тежина, како што се спиењето, стресот, хормоните и разни здравствени проблеми. Само ако гледате на слабеењето со холистички пристап, можете да се надевате на ефективни промени, постигнување на целта и одржливи резултати. И сега, без разлика дали барате помош за слабеење или едноставно ви треба инспирација за вкусни и здрави домашни смуди, проверете и пробајте ги овие три совршени рецепти.

Смуди со чиа и шумски плодови

„Оваа кремаста напивка е нутритивно исклучително моќна, благодарение на додавањето на чиа семиња и шумски плодови по ваш избор. Иако е супер лесно за подготовка, ова смуди е преполно со протеини и растителни влакна кои ќе помогнат да се потисне гладта ​​и да ве одржиа сити и задоволни со часови“, вели Ерин Палински-Вејд, нутриционист.

Таа додава дека омега 3 масните киселини во чиа семето помагаат во намалување на нивото на хормонот на стрес и намалување на воспалението, додека шумските бобинки се богати со антиоксиданти.

Потребни состојки:

  • 1 чаша незасладен грчки јогурт
  • 1 чаша замрзнати бобинки (боровинки, јагоди, малини, капини или акаи бобинки)
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажица чиа семе
  • 1/2 чаша мраз

Измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте!

Зачинето тропско освежување

„Капсаицинот, активната состојка присутна во пиперките, делува како благ стимулатор на метаболизмот“. вели Џулиана Хевер, нутриционист специјализиран за вегетаријанска исхрана.

Како дополнителен плус е ананасот кој има диуретично дејство и му помага на телото да се ослободи од вишокот вода, а со тоа помага и да се ослободите од надуеноста. Секако, треба да се спомена и скапоцените фитохемикалии, витамини и минерали присутни во зелениот зеленчук.

Потребни состојки:

  • 1 чаша манго исечено на парчиња
  • 1 чаша ананас исечен на парчиња
  • 1 и 1/2 чаши незасладена кокосова вода
  • 1 шолја лиснат зелен зеленчук (спанаќ, кељ, блитва, итн.)
  • 1/4 чаша сок од лимета
  • 1/4 лажичка кајен пипер (по избор)

Сите состојки ставете ги во блендер и измиксирајте.

Смуди од ванила и јагоди

„Со само 250 калории, ова освежително и исклучително вкусно смуди содржи дури 18 грама протеини и 5 грама влакна кои ќе ве држат сити, ќе ви обезбедат енергија и ќе одржуваат стабилно ниво на шеќер во крвта“, тврдат нутриционистите. Богатата и кремаста сладост на ова смуди е одлична за задоволување на потребата за слатко ако се обидувате да избегнете консумирање дополнителни калории од нездрави извори. Јагодите содржат фитохемикалија C3G, која може да го зголеми производството на адипонектин (кој го забрзува метаболизмот на мастите) и лептин (кој го потиснува гладот).

Потребни состојки:

  • 1/4 чаша грчки јогурт без маснотии
  • 220 гр јагоди (или боровинки)
  • 2 чаши незасладено бадемово млеко со ванила
  • 1 банана
  • 1 лажичка цимет

Додадете половина од секоја состојка (јогурт, јагоди и млеко) во блендер и измешајте додека не се изедначи. Потоа додадете ги останатите состојки и продолжете со мешањето додека смесата не се изедначи. (овој рецепт е за 3 порции, затоа споделете со некого или замрзнете го дополнителното).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Совети за родители и поуспешни деца

Начинот како се разговара со децата и како родителот се однесува во...

МАГАЗИН

Марго Роби подготвува филм за играта „Монопол“

о светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа...

МАГАЗИН

И покрај благодетите на јаболката, постои момент кога не смеете да ги консумирате

Она што повеќето луѓе не го знаат е дека постои одредено време...

МАГАЗИН

Минатиот месец забележан како „најтоплиот март“ во светот

Минатиот месец беше „најтоплиот март“ забележан на глобално ниво, според мерењата направени...