Советниците во Град Скопје вчера едвај добија три-четири штури одговори на нивните прашања до градоначалничката Данела Арсовска и директорите на градските претпријатија. Арсовска вчера не се појави на седницата за советнички прашања во градот, а никој не даде објаснување зошто таа не беше присутна.
Советниците прашуваа на многу теми кои до нив ги испратиле граѓаните но освен директорите на ЈП Лајка и ЈП Водовод и канализација, Радмила Пешева и Драган Илиевски никој друг усно и на лице место не им одговараше на советниците. Сите директори како и надлежните од Град Скопје само парадираа пред говорницата со кусо објаснување дека писмено ќе добијат одговор на поставените прашања.
Десеттиците советнички прашања се однесуваа на градскиот превоз, односно што се случува со ЈСП Скопје, детали за планирани реконструкции на улици, складирање на опасен медицински отпад, бенифициран стаж на вработените во јавните претпријатија, до каде е помошта на градот за ФК Вардар. Советникот Страшо Ангеловски, побара дополнителен одговор од Арсовска за тоа кој ја организираше новогодишната прослава на Плоштадот, бидејки само кусо му било одговорено дека се работи за гратис приватна прослава.
Сите советници реагираа на игноранскиот однос на Арсовска и нејзната администрација, забележувајки дека ниту едно прашање не им се одговара ниту усно, ниту писмено во дадениот рок од 10 дена туку на одговор чекаат и по неколку месеци.
Leave a comment