ИНФО

Карпош ќе добие нови 120 дрва

Во рамки на редовната пролетна акција која традиционално ја организира Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош, деновиве ќе бидат засадени 120 нови висококвалитетни дрвја на повеќе локации низ локалната самоуправа. Инаку, Општината од својот буџет обезбеди финансиски средства во вкупен износ од 1.400.000 денари со кои ќе бидат набавени листопадни и зимзелени садници, кои пак ќе бидат насадени во две етапи – за време на пролетната и есенската еколошка акција.

За пролетното садење, општината одвои 400.000 денари со кои набави 120 висококвалитетни садници, поточно 10 парчиња црвен јавор, 20 дрвја од видот каталпа, 24 обични јавори, 32 дрвја од видот фотинија, потоа, 10 парчиња од видот туја смарагд и 24 дрвја од видот црвена слива. Општинските служби ги засадуваат новите дрвја на повеќе локации во населените места, Тафталиџе 1, Карпош 1,2,3 и 4, во населбата Нерези, како и во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...