МАГАЗИН

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ЕКСПЕРИМЕНТОТ: Научници откриле лек против глувост

Истражувачите од медицинската школа „Харвард‘‘ предизвикале нов раст на влакнестите клетки кај глувци преку репрограмирање на генетичките патеки во внатрешното уво.

Тие се надеваат дека студијата би можела да ја постави основата за идни клинички испитувања за развивање третман за луѓе кои страдаат од изгубен слух. Тоа е големо „ако“, но и зрак надеж за луѓето што не слушаат.

Овие пронајдоци се екстремно возбудливи затоа што во историјата на полето на изгубен слух, способноста за регенерирање на влакнестите клетки во внатрешното уво е светиот грал. Сега имаме коктел сличен на лек кој ја покажува изводливоста на пристапот што можеме да го испитуваме за идни клинички примени – истакна лидерот на истражувачкиот тим, доцентот Женг-Ји Чен.

За разлика од некои видови риби, птици или рептили, луѓето немаат способност за регенерирање на влакнестите клетки, кои се како биолошки микрофони одговорни за пренесување на звучните сигнали од внатрешното уво до мозокот.

Преку ставање на лекот директно во внатрешното уво на возрасни глувци, истражувачите утврдиле дека глувците регенерирале влакнести клетки кои се чинат целосно функционални. Пред да го тестираат лекот на луѓе, истражувачите планираат да го тестираат на поголеми животни.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...

МАГАЗИН

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да...

МАГАЗИН

Недостигот на витамин Б12 може да предизвика и когнитивни проблеми

Веројатно една од најважните хранливи материи за човековото тело е витаминот Б12,...