АКТУЕЛНО

РЕВИЗИИТЕ СЕ ПРАВАТ НА ЛИВЧИЊА: Нема лаптопи за библиотеката Браќа Миладиновци

Речиси три месеци по владината одлука за трајно користење на 100 лаптопи на градската библиотеката Браќа Миладиновци – Скопје, вчера градските советници не го изгласаа ова барање. Иако директорката Снежана Стојчевска, директно им се обрати на советниците и им објасни во каква ситуација се наоѓа установата, таа не доби подршка од советниците.

„Жално и апсурдно е два месеци вие да немате расположение да ни ги дадете лаптопите кои ни беа доделени од Владата. Работиме во субстандардни услови, во некои од објектите ревизијата се прави буквално на ливчиња. Покрај вработените овие лаптопи ќе се користат и во двете смарт училници од страна на учениците од средните и основните училишта“, посочи директорката на градската библиотка Стојчевска.

И советникот Зоран Георгиевски им се обрати на колегите да го поддржат  барањето, велејќи им дека е „жално овие компјутери што се дадени пред скоро три месеци, да седат во магацин“. Но, сепак со 21 советнички глас ЗА и еден воздржан, одлуката остана неприфатена, а компјутерите нема да стигнат во градските библиотеки, туку ќе останат да скапуваат.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Со индекс на загаденост 161, воздухот во Скопје е оценет како „нездрав“

Во главниот град  се измерени 161 микрограми на кубен метар ПМ 2,5...

АКТУЕЛНО

Повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно...

АКТУЕЛНО

По 60 години се испитуваат магистралните цевководи за Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска, како што стои во соопштението, ја промовирала изработката на...

АКТУЕЛНО

Традиционално осветлување на Новогодишната елка во Скопје Сити Мол

Влезете во светот на чудата во Скопје Сити Мол овој декември. Во 18:30...