ИНФО

ПАНФИЗ 2023: Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар

Во МНТ од денеска до 29. април ќе се одржи 16-тиот интернационален фестивал  на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023.

На овогодишното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и од различни земји.

На отворањето на фестивалот денеска ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно.

На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто перформанс „Суштество“, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување…

Од Македонскиот народен театар информираа дека на третата вечер има гости од Романија кои ќе настапат со својата претстава, физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“, претстава која како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак, претстава за љубовта која секогаш и сегде ни се случува и нѐ канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме…

Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Изложба на ДЛУМ по повод 30. Министерски совет на ОБСЕ

Во хотелот „Александар Палас“ ќе биде поставена изложба во чест на триесетиот...

ИНФО

Утре бесплатно паркирање во зоните на „Градски паркинг“

Поради одржување на Самитот на ОБСЕ на зонските паркиралишта во надлежност на...

ИНФО

Шалтерите на Водовод денес и утре со скратено работно време

Денес, шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието Водовод и канализација ќе работат...

ИНФО

Посебен режим на сообраќај денес и утре

Денес (среда) во период од 13 часот, па сè до завршување на...