МОЕ ЗДРАВЈЕ

Од оваа храна нема да се чувствувате надуено

Секојдневно наидувате на некој кој се жали дека е надуен, а веројатно и самите сте го доживеале ова непријатно чувство. Надуеноста на стомакот е непријатност што обично ја опишуваме како чувство на ситост и надуеност во стомакот. Надуениот стомак може да биде тежок на допир, а често се случува да почувствувате дека облеката што ви одговарала, наеднаш е претесна.

Еве неколку намирници со кои дефинитивно ќе можете да ги закопчате вашите тесни фармерки и во исто време да се чувствувате лесно.

Портокал и лубеница

Овошјето богато со вода е добро бидејќи ги чисти отровите од телото. Лубеницата е околу 92% вода, а портокалите помеѓу 80 и 90%.

Јогурт

Освен што е богат со вода, јогуртот го поттикнува создавањето на добри бактерии во желудникот и на тој начин го забрзува варењето.

Житарици

Овесната каша и другите видови житарки се богати со влакна, па ја забрзуваат работата на цревата. Доволни се 25 грама житарки дневно. Не претерувајте, бидејќи можете да го постигнете сосема спротивниот ефект – да се надуете.

Лук

Иако некои луѓе навистина не го сакаат, лукот е исклучително здрав бидејќи помага во намалувањето на маснотиите во црниот дроб, чија главна задача е ослободување на штетните материи од телото.

Јагоди и боровинки

Некои овошја како боровинки и јагоди се богати со растителни влакна. Значи ужина здраво и нема надуеност.

Грејпфрут

Освен што е составен претежно од вода – 90%, грејпфрутот содржи и ензими кои го забрзуваат согорувањето на мастите.

Супа од говедско месо

Без разлика дали е крем или бистра, говедската супа е полна со заситени масти и е добра за варење.

Салата и спанаќ

Овој зеленчук содржи многу витамини, минерали и влакна и е исклучително ефикасен за проблеми со запек.

Нане и ѓумбир

Овие хербални препарати се ефикасни за намалување на гасовите во телото, со што се спречува надуеноста.

Чили пиперки

Освен што се вкусен зачин, чили пиперките го намалуваат високиот крвен притисок и содржат капсаицин, состојка која го забрзува метаболизмот.

Абдоминална надуеност – кога да се обратите на лекар?

Побарајте медицинска помош доколку:

  • Болката како резултат на надуеност трае долго или се влошува;
  • Постојано сте подуени;
  • Повраќате;
  • Имате температура;
  • Глуждовите ви се отечени;
  • Имате жиговина веднаш штом ќе се разбудите.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Кој треба да избегнува чај од камилица

Одредени студии укажуваат на ризик од спонтан абортус или предвремено породување доколку...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Напивки благотворни против анемија

Најчеста причина за анемија (слабокрвност) е недостигот од железо. Без него, човековото...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

СЗО: Прекумерната употреба на антибиотици ја зголемува отпорноста која може да биде одговорна за 10 милиони смртни случаи

Прекумерната употреба на антибиотици опасно ја поткопува нивната ефикасност и ја зголемува...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2

Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на...