АКТУЕЛНО

Изгласана цената од 140 денари за субвенциониран студентски оброк

Субвенционираниот студентски оброк од овој месец ќе изнесува 140 денари. Собраниските пратеници вчера ги изгласаа измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се овозможи да продолжи исплатата на парите за студентите по оваа основа, која престана во март.

Според измените, субвенцијата за оброк од април изнесува по 140 денари дневно, наместо досегашните 120 денари. Студентите до крајот на оваа академска година парите ќе ги добиваат на месечно ниво на своите трансакциски сметки. Според пресметките, април броеше 17 работни денови, што значи дека за овој месец студентите ќе добијат 2.380 денари.

Од септември пак, треба да почне да се применува системското решение со кое студентите преку дигитални картички ќе купуваат субвенциониран оброк кај регистрирани даватели на услугата. Дотогаш Министерството за образование и наука (МОН) треба да избере банка која ќе биде носител на платниот промет преку кој ќе се плаќа субвенционираниот студентски оброк и која ќе ги изработи дигиталните картички со кои студентите ќе може да купуваат оброци кај угостителите.

Новина е и тоа што, освен само во работните денови во месецот, како што е сега, од септември студентите ќе може да купуваат субвенциониран оброк секој ден од понеделник до сабота, но и на верски празници, што значи дека од следната академска година вкупниот месечен износ ќе биде поголем од сега.

Изгласаните измени предвидуваат и износот на субвенциите за студентски оброк да се усогласува со инфлациската стапка по секоја фискална година. Од МОН информираат дека се подготвува брза исплата на средствата веднаш по стапување во сила на измените на законот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

4.700 основци од Бутел ќе добијат бесплатни униформи

4.700 основци на територија на општина Бутел ќе добијат бесплатни училишни униформи....

АКТУЕЛНО

БУБАМАРАТА НА ДНК СЕ ПРОДАДЕ ЗА 250 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Донирани 690 илјади денари за лекување на младиот Леонид

Групата ДНК ја објавија на лицитација бубамарата што ја добија, со цел...

АКТУЕЛНО

Наредната сезона ќе профункционира градинката „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за...

АКТУЕЛНО

Целосно е реконструирана градинкатa „Пчелка 2“

Со реновирање на внатрешноста на објектот, заврши втората фаза од проектот за...