МАГАЗИН

СИТЕ ДЕЦА ДА СЕ ВИДАТ СЕБЕСИ ВО БАРБИ: Прва барбика со Даунов синдром

Компанијата „Мател“ во продажба пушти „Барбика“ со Даунов синдром, според наводите – во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен.

Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети и ортопедска количка. Целта е „сите деца да се видат себеси во Барби“, како и „да си играат со кукли кои личат на нив“, велат од компанијата.

Оригиналната кукла „Барбика“ се појави на пазарот во 1959 година и стана своевиден симбол за „совршено“ женско тело.

Меѓутоа, академици од Универзитетот на Јужна Австралија, на пр., посочија дека веројатноста жената да има облик како телото на Барби е 1: 100.000. Затоа, критичарите повикаа „Барби“ да претставува пореална слика за телото на една жена.

Во 2016 година, „Мател“ ги објави „Заоблената Барби“ (Curvy), „Високата“ и „Ниската слатка“ (Petite) кукла, како и широк спектар тонови на кожата што ги одразуваат разните и различни раси и етникуми.

Новиот лик со Даунов синдром има ниско тело, подолго торзо, позаоблено лице со помали уши, и очи во облик на бадем. Фустанот со надуени ракави е жолто-син – бои поврзани со свесноста за Даунов синдром. Куклата има и розов ѓердан со приврзок со три шеврони што ги претставуваат трите копии од 21 хромозом – она што ги предизвикува одликите на Дауновиот синдром. Барби овојпат носи и розови подврски на глуждовите, коишто одговараат на нејзината облека, а бидејќи некои деца со Даунов синдром ги користат заради поддршка на стапалата и глуждовите.

Британската манекенка Ели Голдстајн изјави дека се чувствува „премногу воодушевена“ од новата „Барби“, објави „Би-би-си“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина

Американската технолошка корпорација „Епл“ (Apple), на барање на кинеските власти, ги отстрани...

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...