МАГАЗИН

Остров со облик на морско коњче кај Дубаи продаден за 30 милиони евра

Купувачот кој сакаше да остане анонимен, му донесе на продавачот добивка од околу 21 милион евра. Имено, претходниот сопственик за истиот простор платил девет милиони евра, но вредноста на песокот во меѓувреме се зголемила.

Песокот на островот Џумеира Беј во Дубаи, се чини, се брои во милиони евра… На теренот нема вили со поглед на океанот, ниту барови, дури ни камионче за сладолед. Тоа е „само“ празна песочна плажа со површина од околу 2.000 квадратни метри… Но, еден човек сепак плати 125 милиони дирхами, или 30 милиони евра за неа.

Оваа парцела е всушност дел од вештачкото островче во облик на морско коњче, оддалечен од копното на градот, но достапен преку мост. Ендрју Камингс, раководител на агенцијата за недвижности „Најт Френк“ во Дубаи, изјави дека со продажбава е урнат рекордот.

– Тоа се 125 милиони (дирхами) за песок… Досега во медиумите се споменуваше продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за парцела, вели тој.

Камингс објасни дека имало само 128 парцели за продажба на островот Џумеира Беј, а сите биле распродадени пред повеќе години.

Купувачот кој сакаше да остане анонимен, му донесе на продавачот добивка од 88,5 милиони дирхами, т.е. околу 21 милион евра. Имено, претходниот сопственик за истиот простор пред две години платил 36,5 милиони дирхами (девет милиони евра), но вредноста на песокот во меѓувреме се зголемила.

Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира изградба на семејна викендичка.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...

МАГАЗИН

„Гугл“ почнува со бришење неактивни мејл-адреси и профили

„Гугл“ во декември ќе почне со бришење милиони профили на услугите „Г-мејл“,...