СЦЕНА

Книгата „Другарче“ од Питер Колвајк објавена на македонски јазик

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје во рамки на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Другарче“ од Питер Колвајк.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во рамки на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“.

Колвајк е добитник на наградата за најдобра книга за деца во Холандија за 2021 година.

Оваа книга е прекрасна животна лекција за млади и за возрасни читатели!, наведува „Антолог“.

Питер Колвајк (1974) пораснал во Јужна Холандија, но веќе некое време живее во провинцијата Дренте. Својот пробив во светот на книгите за деца го направил со книгите за Вло и Стикел кои се читаат во седум држави, а неговата книга „Другарче“ е наградена со „Златно перо“ во 2021 година.

Илустраторката Линде Фас досега има илустрирано пет книги на Колвајк. Линде е холандска уметница која моментно живее и работи во северниот дел на Норвешка. Има завршено студии за анимација на Академијата за уметност „Сент Јуст“ во Бреда, Холандија. Дипломирала како почесен студент во 2008 година со анимираниот филм „Според птиците“, кој бил избран на бројни меѓународни филмски фестивали за анимација и освоил неколку награди ширум светот. По дипломирањето почнала да работи како аниматор, ликовен уметник и илустратор на детски книги. Соработувала со голем број автори и илустрирала книги на Питер Колвајк, Грит оп де Бек, Пол Бигел, Тонке Драхт и Риндерт Кромхоут. Во 2018 година ја објавила својата прва сликовница „Ајде да патуваме“. Следната година ја објавила втората сликовница „Детето и китот“ која е преведена на повеќе од десет јазици, а нејзината трета сликовница „Каде е големиот брат“ во 2022 година, била наградена со Бронзено перо.

Преведувачката Ели Пујовска (1971) е родена во Скопје и досега има преведено педесет книги од бројни холандски и белгиски автори, меѓу кои и „Розата и вепарот“ од Ане Провоуст, која е наградена со Златно перо за најдобар книжевен превод на годината. По дипломирањето на Универзитетот во Ајндховен на катедрата за холандски јазик почнала да работи како професионален преведувач кој повеќе од една деценија посветено ги збогатува македонските библиотеки со класични и современи книжевни дела од холандската литература и ја поттикнува соработката помеѓу македонските издавачи и холандската фондација за литература. Била член на комисијата за Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ (2018). Моментно живее и работи во Скопје.

„Создадено во Европа: моќта на различноста“ е проект кој опфаќа превод, објавување, дистрибуција и маркетинг на седумнаесет книги кои се идеални репрезенти на моќта на разноликоста што владее на најстариот континент, отворајќи тематски сложени прашања: инклузивност, глобално затоплување, меѓусебно разбирање, правична застапеност на жените, еднаквост, преосмислување на личниот и колективниот идентитет, соочување со загубата, активизам и храброст да се биде различен.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

СЦЕНА

„Тоска“ од Пучини вечерва на „Мајски оперски вечери“

Операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија,...

СЦЕНА

„Херојското доба на Хистрите“ – нова изложба во Археолошкиот музеј

Изложбата „Херојското доба на Хистрите“ денеска во 14 часот ќе биде отворена...

СЦЕНА

Отворен повик за присуство на работилница за креативен документарен филм

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави повик за шестата генерација „Докуникулци“...

СЦЕНА

Камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ на МОВ на 28 мај

Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај...