Зградата на поранешен „Технометал-Вардар“ е небезбедна и опасна за граѓаните кои се движат низ улица Македонија и низ преминот покрај неа. Откако фирмата „Буши“ ја купи зградата за да ја прави хотел, плоникот околу зградата кој е излез кон централната пешачка улица во Скопје е затрупан со ѓубре, искршени стакла и смрди на измет.
На зградата се вршат и градежни работи односно се корнат прозорците, се фрла стариот мебел, а просторот не е ограден. Па секојдневно од зградата летаат даски, цигли, железа.

Иако ваквата слика е повеќе од една година, никој не реагира. Ниту Општина Центар ниту Град Скопје немаат решение за проблемот. Од Општината пред пола година рекоа дека испратиле инспектори и му наложиле на инвеститорот да го расчисти просторот, но ситуаците на терен не е променета.
Во ноември лани во зградата изби и пожар.
Leave a comment