Запленетата роба од овошје и зеленчук во акцијата на Кванташкиот пазар, е донирана на установи низ земјава каде што е најнеопходна.
Оваа одлука е донесена на вчерашната средба на директорите на Агенцијата за управување со одземен имот Дртитон Небиу и на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Агенцијата за управување со одземен имот соопшти дека по првпат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана во ЈУДД „11 Oктомври“ – Скопје, Државно училиште за рехабилитација за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална терапија и медицинска рехабилитација – Скопје, Здружение за слепи лица – Куманово, Ј.З.У Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ – Скопје, Институт за белодробни заболувања кај децата Козле, ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Скопје и во КПУ Идризово.
Leave a comment