СЦЕНА

„Читањето е супермоќ“ – инспирација за литературен и ликовен конкурс

Кампањата „Читањето е супермоќ“ е инспирација за новиот литературен и ликовен конкурс во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На овој креативен предизвик, кој ќе трае до 23 мај  2023 година, право на учество имаат сите ученици од основните училишта од целата држава. Тие можат да напишат поетско или прозно дело или да нацртаат цртеж што ќе биде поттикнат од светот на книгите, читањето и литературата.
Победниците бидат соопштени и наградени на посебен настан на почетокот на јуни 2023 година. Наградниот фонд се состои од дипломи и книги обезбедени од „Арс Ламина“. Tворбитe на тема „Читањето е супермоќ“ треба да се испратат на е-адреса: konkurs@arslamina.com. При конкурирањето, учениците треба да ги наведат следните податоци: име, презиме, ментор, одделение/клас и училиште, како и поштенската адреса и телефонски контакт (од родител за помладите учесници).
Главната мисија на кампањата „Читањето е супермоќ“ е поттикнување на читачките навики кај децата. Целите на кампањата се: подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст и во таа смисла вклучување на колку што е можно поголем број релевантни чинители од сите сфери на нашето живеење, негување на мајчиниот јазик, поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, понуда на квалитетно поминато време настрана од новите технологии, образовна поддршка преку збогатување на наставната програма и активностите на училишните библиотеки, поддршка на децата со тешкотии во читањето – дислексија – за кои создадовме едиција „Лесно читливи лектири“ со соодветен фонд и проред, одобрени од здружението за дислексија „Ајнштајн“ и прераснување на „Читањето е супермоќ“ во долгорочна, национална кампања.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...