АКТУЕЛНО

СОВЕТНИЦИТЕ ПО ТРЕТПАТ НЕ ПРИФАТИЈА ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА НОВИ АВТОБУСИ: За 10 милиони евра има секој ден да ни одговарате каде се парите или купете ги од ваш џеб

Советниците на Град Скопје не дозволија главниот град да се задолжи 10 милиони евра за купување нови автобуси за јавниот превоз. Со тоа по третпат не помина барањето на градоначалничката Данела Арсовска да се земе кредит за да се набават 30 еко автобуси.

Советниците од СДСМ сметаат дека Градот не треба дополнително да се задолжува дополнително, кога веќе му стојат на располагање 70 милиони евра за проектот Бас рапид транзит (БРТ).  Советниците на партијата ВМРО-ДПМНЕ кои исто така не гласаа за задолжувањето, не излегоа на говорница и не образложија зошто не го прифаќаат предлогот на Арсовска.

Советникот Филип Јаневски од партијата Глас за Македонија, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, побара детално Арсовска да објасни каде, како и што планира да прави со земените пари.

„ Три пати оваа точка ја ставате на дневен ред и не поминува. Кога е тоа така треба да се запрашате зошто не поминува и што може јас да направам по тоа прашање. А, не да глумите дарежливост од оваа говорница и демек вие одлучете од каде ќе се земе кредитот и по која камата, какви автобуси и кој модел, а до пред пет минути ништо не не прашавте. 19 месеци сте на функција, а уште гледате што ќе правите со БРТ проектот вреден 70 милиони евра. Вие не знаете што ќе правите со 70, па ние да ви дадеме уште 10 милиони и со нив да не знаете што ќе правите. Никој не спори дека има потреба од нови автобуси, проблемот е што вие не знаете што правите во градот. Јас да земам кредит од пет илјади евра и крвна слика ќе ми побараат. За 10 милиони евра три дена ќе седите и ќе ни одговарате на сите прашања, авие ниту едно немате одговорено. Ако за вас тоа се малку пари, Данела дај ги од свој џеб и нека се купат автобусите“, рече Јаневски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“ победник на ораторската вечер „Иво Пухан“

Студентката Чарна Невзати со говорот „Кој ја плаќа цената на војната и...

АКТУЕЛНО

Ќе се постават 15 велосипедски паркинг- држачи во основните училишта и две сервисни станици

Основните училишта на територијата на Општина Гази Баба ќе добијат велосипедски паркинг-...

АКТУЕЛНО

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието

Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот...

АКТУЕЛНО

За една недела „пајакот“ крена 224 непрописно паркирани возила во Центар

За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи...