АКТУЕЛНО

РАЗРЕШЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКАТА ВО АВТОКОМАНДА: Си нарачувала храна за дома, возела службена кола во приватни цели и купувала мебел со државни пари

Директорката на градинката Детска радост во населбата Автокоманда, А.П. трошела пари во кафеани и ресторани и тоа најчесто била нарачувана храна за носење. Колку точно пари потрошила за ова, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, точно не кажа, но објави дека директорката по разни основи незаконски работела. Поради тоа, на предлог на Управниот одбор донел одлука за нејзино разрешување.

При контрола на работењето на оваа градинка, а по претходни укажувања, утврдено е дека се правени набавки каде што е надминат годишниот законски максимум за мали набавки кој изнесува до 12.000 евра во една година. Директорката купувала мебел во детската градинка, но не мебел за децата, туку за кабинетот на менаџментот. Во моментот на набавката на мебелот, согласно донесениот Годишен финансиски план за тековната година не биле предвидени средства за ваква набавка. Со што исто така е направено прекршување на Законот.

Директорката си го користела и службеното возило, сопственост на градинката за приватни цели.

„Ревизијата има утврдено 8 наоди со што дава неповолно мислење по однос на примената на соодветните законски регулативи. Сите утврдени наводи во Извештајот на независниот ревизор се доказ дека во детската градинка Детска радост се работело спротивно на повеќе Закони, односно прекршени се повеќе закони“, изјави Стефковски.

„Апелирам до Министерството за труд и социјална политика да ги почитува законите и утврдените процедури. Очекувам сите заедно да застанеме на страната на Законот бидејќи се друго ќе значи поддршка на утврдено незаконско работење“, додаде тој.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...