КУЛТУРА

Изложба на серија портретни фотографии од концерти од Виктор Соколовски

Во Културно-информативен центар (КИЦ) во Скопје денеска ќе биде отворена изложба на фотографии од Виктор Соколовски насловена „Stolen moments“.

Фотографот Виктор Соколовски ќе ѝ се претстави на публиката со деветтата самостојна изложба на фотографии, од 25 април до 4 мај, во салата Империјал 2, во Културно-информативниот центар. На оваа изложба се претставува со серија портретни фотографии од концерти.

Соколовски е љубител на музиката и фотограф што со децении фотографира на „Скопскиот џез-фестивал“, „ОФФест“ и на слични музички и културни манифестации во земјава и регионот. Станува збор за огромен број фотографии – најчесто портрети на музичари, напревени за време на концертите на кои присуствувал како гледач, но и како фотограф дописник, за еден од најреномираните портали за култура во регионот – SEECULT од Белград.

Соколовски е инаку магистер по геодезија а со фотографија се „заразува“ во детството, на курсевите организирани од Народна техника. Пред публиката првпат самостојно се претставил во Скопје, во 2007 година, во винотеката „Темов“, каде што изложил 200 фотографии, претежно портрети на музичари и гости направени за време на „свирки“ во овој своевремено култен ноќен клуб.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Специјална проекција на „Молкот на разумот“ во МКЦ

На 12 декември (вторник) со почеток од 20 часот во киното „Фросина“...

КУЛТУРА

Парите од продажбата на „Цепај сине“ ќе се донираат за Детската клиника во Скопје

Авторот Зоран Спасов-Ѕоф и издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ги дадат сите...

КУЛТУРА

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена...

КУЛТУРА

Седмо издание на „Винодонија“ на 8. и 9. декември во Скопје

На 8 и 9 декември во Скопје ќе се одржи седмото издание...