Со информативна прошетка за тоа како се чуваат, како поминува нивниот ден и што подразбира нега на пингвините денес во скопската Зоолошка градина ќе се одбележи светскиот ден на пингвините.
Настанот ќе почне во 11 часот, а сите присутни посетители ќе можат да научат нешто ново за овие птици и ќе добијат можност одблиску да ги запознаат пингвините во ЗОО и четирите бебиња, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата.
Во Зоолошката градина има две групи пингвини, една од Италија и една од Русија кои по доаѓањето во Скопје во 2020 се споија и функционираат одлично како една група. Во јануари на свет дојдоа четири бебиња, во периодот околу Бадник и Божиќ. Пингвините се од видот Хамболдт, потекнуваат од Чиле, Перу и Аргентина, а нивните природни живеалишта најмногу се уништуваат поради изградба на рудници.
Leave a comment