СЦЕНА

ВО ФИЛХАРМОНИЈА: ПРЕМИЕРНО АВАНГАРДНОТО ДЕЛО СТИКС

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Аир“ на кој како солист ќе настапи виолистот Дијанг Меи (Кина/Германија), а диригент е маестро Емил Табаков. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“ во првата изведба во Македонија на делото „Стикс“ од грузискиот авангарден композитор Гија Канчели. Составен дел од програмата е и гротескната музичка приказна за „Поручникот Киже“ на рускиот композитор Сергеј Прокофјев.

„Стикс“ за виола, хор и оркестар е дело инспирирано од митската река Стикс, којашто во Античка Грција ги делела двата света – на живите и на мртвите. Делото има етерична структура, а Гија Канчели рекол дека виолата ја замислил како медијатор меѓу двата света: всушност соло виолата ја претставува реката Стикс во ова дело. Ова дело демонстрира што сѐ може да се изведе на виола – ако сакате да дознаете кои се изведувачките перформанси на овој инструмент тогаш мора да го чуете ова дело во кое се тестираат и презентираат сите негови можности, бои и текстури. Музиката е изградена на дијаметралната спротивност на смиреноста и немирот. Пејзажот на ова дело е речиси „прав“ до крајот, но тоналноста е прилично нестабилна и со неа Канчели ја истражува тоналната естетика која не може да се чуе никаде, освен во доцниот опус на Дмитри Шостакович (поточно во трите последни гудачки квартети). Исто како и Шостакович, Канчели ја употребува тишината како моќно оружје во креирањето на музичката приказна. Делото медитира меѓу животот и смртта, и во него и оркестарот и хорот, покрај соло виолата, креираат атмосфера на своевиден „портал“ во сеќавањето, како и целокупниот музички опус на Канчели кој левитира меѓу вербата и разочарувањето.

Покрај диригентската кариера, Емил Табаков се издвојува и како еден од најинтересните бугарски композитори. Автор е на многубројни концерти за различни инструменти, на дела различни по форма за симфониски оркестар (девет симфонии) и други формации. Носител е на престижни награди и како диригент, меѓу кои и на наградата личност на годината според Меѓународниот библиографски центар во Кембриџ, Англија, како еден од стоте најдобри професионалци за 2012 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Премиера на престава за млади „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

Во НУ Албански театар за деца и млади во Скопје утре вечер...

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...