СКОПСКИ ВЕСТИ

Средба Арсовска – Станивуковиќ: Соработка меѓу Скопје и Бања Лука, иницирано збратимување на двата града

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска одржа официјална работна средба со градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ, известуваат од Град Скопје.

На средбата, која доаѓа по покана на бањалучкиот градоначалник, било разговарано за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.

„Градот Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, и постои огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, за што Скопје и Бања Лука започнаа иницијатива за збратимување на двата града. Воедно, се договори соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од заемен интерес на двата града, во областа на културата, образованието, спортот, туризмот, економијата и животната средина“, известуваат од Град Скопје.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Аеродром ги прими учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром продолжува со активностите во чии рамки учениците се запознаваат со...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Небото е тематски двигател на изложбата „Синестетички релации“

Во Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Скопје денес со почеток во...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Земени мостри за утврдување дали отпадот кај Орман е токсичен

Прекршочна или кривична пријава или, пак, само опомена ќе заработат надлежните за...