Вчера се одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право, востановен од УНЕСКО во 1995 година.
Во таа чест Националната и универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ – Скопје традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право, со настан кој ќе се одржи денес во просториите на Библиотеката со читање извадоци од романот „Дон Кихот“, а ќе биде отворена изложба на книги „Сеќавање на Хусто Хорхе Падрон“, која ќе ја отвори неговата сопруга Клеопатра Филипова.
-НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје е вклучена во ова празнување уште од самиот почеток и е коoрдинатор на активностите низ државата. Македонската порака за настанот ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, а на одбележувањето ќе биде прочитана и светската порака од Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. Да се обединиме заедно во празнувањето на книгата, порачуваат од Националната и универзитетска библиотека. Поддршка и оваа година НУБ доби од Амбасадата на Кралството Шпанија, Амбасадата на Германија и издавачките куќи Арс ламина и Арс – студио.Првата напишана приказна на светот е Епот за Гилгамеш. Првата книга напишана на машина за чукање е Авантурите на Том Соер од Марк Твен.
Чувството што не обзема кога мирисаме книги се нарекува библиосмија.
Се верува дека денес има над 130 милиони објавени книги.
Најдолг роман на светот е Во потрга по изгубеното време од Марсел Пруст – 7 тома со 9 609 000 карактери.
Библијата е првата отпечатена книга со подвижни букви на Гутенберговата машина.
Времето поминато во читање книги е најскапоценото нешто што можете да му го приредите на вашиот ум и душа, бидејќи време поминато во читање книги е време поминато сам со себе!
Leave a comment