СЦЕНА

Продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања

Во рамки на „Танц фест“ вечер од 20 часот во кино „Фросина“ во  Младинскиот културен центар ќе бидат изведени две претстави – „16 чекори до земјата“ на грчката танцова компанија „А приори“, по идеја и во кореографија на Елеонора Илија, а во вториот дел од вечерта и  „Код #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола, третонаградената претстава на „Масданца“ –  фестивал на Канарските Острови за 2022 година.

Во текот на  оваа недела продолжува програмата на „Танц Фест 2023“ со четири кореографски остварувања.

Во циклусот современи кореографи во понеделник во 20 часот на сцената на Кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, публиката ќе може да ја види претставата „16 чекори до земјата“ на грчката танцова компанија „А приори“. Веднаш потоа следува претставата „Код #9“ на Ивана Балабанова и Алесандро Ола.

Во склоп на оваа програма, на 28 април во 20 часот, на малата сцена на Националната опера и балет ќе ја видиме претставата „Одења и слични кореографски решенија“ на Филип Петровски, со што се затвора фестивалската програма/

– На 26 април,во рамки на фестивалот, во Македонскиот народен театар во 20 часот, ќе се изведе најновата премиера на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар „Леди Магбет“. Музиката за претставата ја направи композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски. Настапуваат танчери на Скопје танцовиот театар и Катедрата за танц при Универзитетот „Гоце Делечв“. „Лејди Магбет“ е селектирана на Шекспир фринге фестивалот во Верона, Италија каде ќе има светска премиера на 29 август на сцената на „Teatro Camploy“, соопштија организаторите на „Танц Фест“.

Годинашниот „Танц Фест“, меѓу другите, е поддржан од Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија, Амбасадата на САД, УГД.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ вечерва во МНТ

На големата сцена во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва со почеток...

СЦЕНА

„Кино Утро“ во Кинотека почнува на 9. јануари „Зоки Поки“

Во текот на зимскиот распуст, на почетокот на јануари, веќе традиционално Кинотеката...

СЦЕНА

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески на ‘HBO Max’

– Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на...

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...