АКТУЕЛНО

НИКАКО ДА ПРОРАБОТИ: Фонтаната на Плоштад со месеци стои заградена откако во неа пропадна камион

Фонтаната на Плоштадот Македонија со месеци стои оградена и низ неа е забрането движење бидејќи е пропадната. Откако лани во ноември по којзнае кој пат, камион пропадна во фонтаната, таа не е поправена.

Плочникот стои пропадна во одредени делови, па за да не настрада некој пешак или велосипедист заградена е се пластички препреки.

Во површинската фонтана постојано пропаѓаат камиони. Лани два пати пропадна камион, во ноември и летото кога се носеше опрема за „Пиволенд“ што го организираше Град Скопје. Во март 2021 пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци. Во 2017 пропадна камион додека се подготвуваше пречек на ракометарите на Вардар по освоената шампионска титула.

Површинската фонтана беше изградена во време на ексградоначалникот Коце Трајановски и чинеше 2,5 милиони евра. И таа е дел од проектот на владата на Никола Груевски „Скопје 2014“ вреден околу 700 милиони евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...