МАГАЗИН

Кои се најевтини, а кои наскапи дстинации за одмор во светот

Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство... Така, едно од главните прашања е - каде треба да се оди според личниот, сопствен буџет?

Одморот најчесто значи лежење на плажа, сончање, истражување нови култури и места на светското наследство… Така, едно од главните прашања е – каде треба да се оди според личниот, сопствен буџет?

„Травелер’с еликсир“ (Traveller’s Elixir), меѓу 60 места низ светот, ги одреди најскапите и најевтините дестинации, преку анализа на просечните цени на хотелите и храната, трошоците за превоз и цените на знаменитостите. Најевтиното место за пет ноќевања е областа Делхи вo Индија. Престојот тука чини 165 евра, а просечната хотелска соба со три ѕвезди чини само 17 евра од ноќ.

Од друга страна, најскапа дестинација е Кнежеството Монако, каде што петдневното патување чини во просек 2.051 евро.

Најевтините туристички дестинации:

Делхи, Индија – 165 евра за петдневен престој,

Пном Пен, Камбоџа – 203 евра,

Катманду, Непал – 207 евра,

Тбилиси, Грузија – 226 евра,

Меделин, Колумбија – 231 евро,

Хо Ши Мин Сити, Виетнам – 235 евра,

Чианг Маи, Тајланд – 260 евра,

Каиро, Египет – 262 евра,

Луанг Прабанг, Лаос – 264 евра,

Бангкок, Тајланд – 264 евра.

Кога станува збор за најскапите места, францускиот прекуокеански остров Сен Барт е на второто место. Оваа дестинација на Карибите е позната по своите бели песочни плажи и одлични места за одмор. Г’штад во Швајцарија е трет на списокот. Лоциран на швајцарските Алпи, нуди луксузни вили и скијачки објекти.

Најскапите туристички дестинации:

Монако – 2.050 евра за петдневно патување,

Сен Барт, Франција – 1.976 евра,

Гштад, Швајцарија – 1.870 евра,

Рејкјавик, Исланд – 1.739 евра,

Бора Бора, Француска Полинезија – 1.738 евра,

Хонолулу, Хаваи – 1.735 евра,

Сан Франциско, САД – 1.708 евра,

Њујорк, САД – 1.612 евра,

Гранд Кајман, од британските прекуокеански Кајмански Острови – 1.480 евра,

Венеција, Италија – 1.402 евра за петдневен одмор.

Бора Бора е петта најскапа, со просечна цена од 1.738 евра за пет дена претој. Ако пак, сакате бунгалов над вода со пет ѕвезди – тоа чини минимум 900 евра за ноќ. Венеција, Италија, го заокружува топ-10 списокот.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Пластика од целулоза за поздрава животна средина

Идејата за биопластика не е нова – веќе некое време, еколошки ориентирани...

МАГАЗИН

Дали замените за месо од растително потекло се навистина подобри за срцето од опциите за месо?

Како што замените за месо од растително потекло стануваат се попопуларни, истражувачите...

МАГАЗИН

Запален олимпискиот оган за ЛОИ „Париз 2024“

Денес беше запален олимпискиот оган за 33-те Летни Летни олимписки игри „Париз...

МАГАЗИН

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на...