Вчера на социјалните мрежи се слодели јасна слика за некултурата на возачите. Имено поради гужва и немање слободно паркинг место, одредени возачи си дозволиле да се паркираат на зеленилото пред скопската Зоолошка градина.
Ваквото некултурно однесување никому не му се допадна, па низ коментарите може да се забележат осуди од граѓаните.
„Сите имаме желба што побрзо да влеземе во зоолошката градина, но ваквото однесување не е решение. Ако нема паркинг за него, нема ни за мене“, вели една скопјанка.
Leave a comment