Разнесени се контејнерите на булеварот Партизнаски одреди во близина на Универзална сала. Контејнерите се оштетени од сообраќајка, односно возило се качило на тротоарот, ги разнело контејнерите и удрило во солбчињата на пешачката патека. Целата пешачка патека е затрупана со ѓубре од контејнерите, а садовите за смет се целосно уништени. Возилото е паркирано на булеварот и во моментот се чекаат екипи на Министерството за внатрешни работи.
Leave a comment