ИНФО

Скопјани сами ќе го чистат Кале

Секој може да дојде и да се приклучи на акцијата.

Сите скопјани кои сакаат да помогнат во чистење на Калето, денес во 11 часот можат да се придружат на акцијата на организацијата „Заедно за промена“. Планирано е сите присутни волонтери да се поделат на два тима и истовремено да се спроведе акција за расчистување на ѓубрето на самото Кале, како и делот што е околу Музејот на современата уметност. Секој што ќе сака да биде дел од акцијата ќе добие заштитни ракавици и вреќи за отпад.

Моменталната состојбата на скопската тврдина е очајна. Освен што купови ѓубре се видливи низ целиот простор, низ Калето има расфрлан градежен шут, метални шипки и контрукции, кои го нагрдуваат целиот потег. Запуштено и запоставено, на скопското Кале нема ниту доволен број на канти, клупа буквално има само една и тоа скршена и распадната, а информативните табли се целосно уништени, а оние што успеале да опстојат се исчкратни и избледени.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче”

Општина Центар ја отстрани рампата на улицата „Наум Наумовски Борче” кај хотел...

ИНФО

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу...

ИНФО

Голем Хепенинг во сабота во парк на Франкофонија

Општина Центар организира хуманитарен концерт со цел собирање срества за лекување на Кара...

ИНФО

„Халкбанк“ организира работилници во рамки на иницијативата Прајслес планет

Во рамки на глобалната зелена иницијатива на „Мастеркард“, „Прајслес планет“, „Халкбанк“ АД...