Општина Карпош ќе набавува нова опрема за чистење на територијата на оштината и одржување на зеленилото. Во буџетот за 2-23 година за оваа намена се предвидени 5,5 милиони денари или 90.000 евра. Како што вели градоначалникот Стевчо Јакимовски со оваа набавка ќе се зголеми ефикасноста и хигиената во Карпош.
„Ќе се набавате нови тримери, нови смукалки и дувалки, тракторски косилки, пили за сечење дрва, телескопи за сечење гранки бидејќи многу граѓани го бараат тоа од нас. Ќе набавиме и три возила на електричен погон со кои ќе се одржува хигиената по улиците. Со ова очекувам уште повеќе да се подобри хигиената, со воведување на повеќе техника сметаме дека и ефикасноста ќе биде уште поголема“, вели Јакимовки.
Тој смета дека ефикасноста во одржувањето на хигиената во Карпош е во голема мера подобрена во однос на претходната година благодарение на ангажманот на вработените и покрај тоа што е намален бројот на работници од 130 на 90.
Leave a comment