МАГАЗИН

Зошто го сакаме мирисот на кафето?

Љубовта прво се раѓа преку мирисите. Има ли нешто поромантично од тоа да се разбудите со вашиот омилен, интензивно опивачки мирис на кафе наутро. Уште и кога тоа хафе се сервира веднаш во кревет од од најсаканата личност, тогаш доживувањето е целосно.

Истражувањата покажауваат дека го сакаме мирисот на кафето бидејќи содржи молекули за речиси секој атрактивен мирис, вклучувајќи сладок, зачинет, овошен, цветен, чаден. Нешто помалку научно објаснување би било дека мирисот на кафе нè потсетува на релаксација, задоволство и предизвикува насмевка на нашето лице. Тоа го поттикнува тоа “перфето“ чувство во нас. Ритуалот на подготвување кафе не е целосен без тој важен и неизбежен мирис на кафе.

Љубовта и мирисот кафе се одлични сојузници

Наместо љубовта да се слави само на еден ден, Денот на вљубените, треба редовно да се користи можноста за славење и покажување. Без разлика на предизвиците во животот, секогаш има мали моменти на радост во секој ден. Да бидеме реални, повеќето од нив вклучуваат кафе. Од утринско будење, кафе пауза на работа, дружење и релаксација за време на викендот, па сè до враќање на енергијата во текот на денот. Мирисот на кафе може да биде ваш сојузник со кој можете да го поттикнете чувството на љубов во вашиот дом. Како што љубовта оди во сите правци и форми, кафето може да биде совршен и универзален подарок што ретко кој може да го одбие. Покрај тоа што секое утро ќе ја искажувате љубовта подготвувајќи ја омилената шолја кафе со неодоливи опојни мириси кои одлично го будат мирисот на љубовта, мирисот на кафе може да биде сојузник и во другите љубовни гестови. Мора да постои личност која долго време не сте ја виделе, а имате толку многу да му кажете или сакате да му се заблагодарите на некого. Користете мал, но значаен гест и подгответе кафе за таа личност. Сега е шанса да покажете љубов во сите облици со кафе.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Со над 15.000 монети маж на Кипар отишол да плати судска казна од 500 евра

Со куфер полн со 15.500 монети од по еден, два, пет и...

МАГАЗИН

Угина Мали – „најтажната слоница на светот“

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина...

МАГАЗИН

Потопен древен град – туристичка атракција во источна Кина

На длабочина од 40 метри, дното на езерото Ќијандао во Кина сведочи...

МАГАЗИН

Нова опција на „Ајфон“ потенцијално опасна за децата

Најновата верзија на оперативниот систем за телефоните и таблетите на „Епл“, како...