АКТУЕЛНО

Извод од ДУП во Кисела Вода ќе може се вади електронски

Извод од Детален урбанистички план жителите на општина Кисела Вода отсега ќе можат да извадат електронски. Ако досега, за вадење на извод од урбанистички план, граѓаните чекаа по неколку месеци, сега, со новата електронска платформа, документот ќе го имаат на својата е-маил адреса за 72 часа, без да мора воопшто да одат до Општината.

Како што велат од Општина Кисела Вода со ова се зголемува достапноста на услугите, се штеди време и финасиски средства и сосема се намалува можноста за корупција.

Електронските бази на податоци на кои се работеше во изминатиот период, ќе помогнат во полесно проследување на документите, како и во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните. Втората фаза од овој проект чија имплементација  започнува многу скоро опфаќа нови дигитални услуги кои дополнително ќе го подобрат квалитетот на услугите и сосема ќе ја намалат можноста за корупција бидејќи во административиот процес сосема ќе го исклучат човечкиот фактор.

Новата дигитална платформа е поставена и достапна на веб страницата на Општина Кисела Вода. Сепак, доколку желбата на странката е изводот да го добие во хартиена форма, нашите служби стојат на располагање и тоа ќе им биде овозможено. Архивата во барака 6, работи секој ден и тоа со продолжено работно време, до 18 часот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...