ПРИКАЗНИ

ДАРКО ПАНЧЕВ ДОБИ ДОКУМЕНТАРЕЦ:Не сум Бред Пит ама добро се снајдов на снимањето

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев доби документарен филм. Филмот е насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, го сними телевизијата „Спорт клуб“ и го следи фудбалскиот пат на еден од најголемите голгетери во југословенскиот фудбал

„Не сум Бред Пит, ама се снајдов солидно во снимањето“, вели Панчев за документарниот серијал посветен нему кој ќе се прикаже премиерно утре во хотелот „Александар Палас“.

Во филмот кој трае еден час и 18 минути се појавуваат 45 личности од спортот, културата и секојдневниот живот на Панчев. Снимањето траело 60 дена и притоа биле собрани 200 часови материјал, па филмот е само вовед во серијата за Панчев, што ќе се емитува на „Спорт клуб“.

„Филмот е производ на нешто што си направил. Без тоа, не може да се направи филм. Во која било дејност вие може да бидете и да имате среќа да направите огромно богатство. Но, ако немате од аспект на тоа што да се покаже во филмот, не може да го направите филмот. Така да, гледајќи од таа гледна точка, секако дека е на некој начин круна на кариерата“, одговори Панчев на прашање дали тоа претставува круна на неговата кариера.

Документарецот се снимал на неколку локации во Скопје. Почнувајќи од старата населба на Дарко, местото каде што е роден и пораснат, Кисела Вода. На националната арена „Тоше Проески“, во националниот театар, во центарот на Скопје, како и во Белград, Загреб, Сараево, Подгорица и Букурешт.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

ПРИКАЗНИ

Што може да посетите во Скопје оваа зима

Директните летови за Скопје почнуваат на 18 декември. Одбравме осум работи што...

ПРИКАЗНИ

КУПУВАЈТЕ САМО ОД ВИСТИНСКИ ПЧЕЛАРИ: Продажбата на фалсификуван мед се поголема

Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број...