МАГАЗИН

Сакате рамен стомак? Нутриционистите откриваат „магична“ состојка растворена во шолја чај

Одржувањето на здрав дигестивен систем го олеснува слабеењето и помага да се спречи надуеност, што е подеднакво важно кога станува збор за одржување на стомакот што е можно порамно.

Со потоплите денови извадивме полесна облека од гардеробата, а таа веднаш ги нагласи ‘зимските гревови’. Урамнотежената исхрана и редовното вежбање повторно станаа приоритет, а до сезоната на бикини целта на многумина е да го израмнат стомакот. За среќа, има многу здрави пијалоци и храна кои можете да ги додадете во вашата исхрана, но една состојка ќе направи најмногу за да го подготвите стомакот за на плажа. Нутриционист Крутика Нанавати откри која состојка можете да ја додавате во вашата шолја чај секој ден за поздрав дигестивен систем и рамен стомак и кои се нејзините придобивки.

Го подобрува варењето
Јаболковиот оцет долго време е пофален за неговите здравствени придобивки, а според Нанавата, тие придобивки вклучуваат подобро варење, намалена надуеност и губење на тежината. Додавањето на лажичка јаболков оцет во вашиот чај е одличен начин да го подобрите варењето и да постигнете порамен стомак. Нанавати тврди дека јаболковиот оцет е една од најдобрите состојки против надуеност што треба да ги додадете во чајот бидејќи содржи оцетна киселина која помага во разградување на храната во желудникот и намалување на надуеноста.

„Јаболковиот оцет му помага на телото поефикасно да ги апсорбира минералите, давајќи му дополнителен нутритивен поттик. Исто така, промовира здрав раст на бактерии во цревата и се бори против воспалението. Сето ова придонесува за поздрав дигестивен систем, што доведува до подобро целокупно здравје, како и порамен стомак‘‘, вели Нанавати.

Го потиснува апетитот и го стимулира метаболизмот
Покрај фактот дека може да помогне во варењето, Нанавати посочува и неколку други придобивки од јаболковиот оцет кои можат да ви помогнат да изгубите тежина побрзо, како што се потиснување на апетитот, намалување на задржувањето на водата и зајакнување на метаболизмот.

Рецепт за детокс чај ​​со јаболков оцет
Нанавати препорачува едноставен рецепт за детокс чај ​​со јаболков оцет:

Состојки:

  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажичка сок од лимон
  • Стапчиња од цимет
  • Ѓумбир
  • Мед

Сè што е потребно е да ги додадете состојките во 200 мл врела вода и подготвен е вкусен и здрав чај за детоксикација кој ќе ви ги врати цревата на вистинскиот пат и ќе ви го израмни стомакот.

Постојат многу фактори кои влијаат на варењето и слабеењето. На крајот на денот, не постои волшебна состојка која може да го поправи вашиот дигестивен систем или веднаш да го намали вашиот стомак. Меѓутоа, со воведување и придржување до здрави навики во вашата рутина и пиење чај со јаболков оцет, како што сугерира Нанавати, ќе направите одличен прв чекор.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Најчитани статии на Википедија за 2023 година: ChatGPT е на врвот со 49 милиони прегледи

Милиони ширум светот се обраќаат до бесплатната онлајн енциклопедија „Википедија“ за полесно...

МАГАЗИН

Девојката која не постои, ја објави својата прва песна

Виртуелниот ентитет Ана Индијана на својот простор на социјалната мрежа „X“ ја...

МАГАЗИНПРИКАЗНИ

Зоолошката градина во Загреб – волшебен микросвет кој плени со својата хармонија

Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во...

МАГАЗИН

Жителка на Уганда родила близнаци на 70 години

Државјанка на Уганда, која има 70 години, родила близнаци, по вештачко оплодување....