АКТУЕЛНО

АРСОВСКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ГРАДОТ: Пак бара кредит од 10 милиони евра за да купи автобуси

Градоначалничката Данела Арсовска пак бара Град Скопје да се задолжи 10 милиони евра за да купи нови автобуси. На седницата на Советот на Град Скопје која ќе се одржи во вторник повторно по барање на Арсовска се става на дневен ред оваа точка. Задолжувањето беше на дневен ред на седницата во јануари, но тогаш советниците не го изгласаа.

„Со цел дополнително да се поттикне визијата за модерно Скопје, овозможувајки лесно достапен и современ јавен превоз, притоа водејќи грижа за квалитетот на живеење и животната средина, наша обврска и приоритет во работењето е да инвестираме во еко автобуси со цел поефикасно извршување на јавниот превоз. Со донесување на оваа одлука ќе се овозможи Град Скопје преку домашно долгорочно задолжување да изврши набавка на еко автобуси“, се вели во образложението на Арсовска.

Арсовска во изборната кампања вети 250 еколошки автобуси, но со овие пари можат да се набават само 30 возила. Ексградоначалникот Петре Шилегов со кредит од 10 милиони евра кој го зема ЈСП „Скопје“, во неговиот мандат набави 33 автобуси на гас.

Арсовска во својот мандат не само што не обезбедни брз и бесплатен автобуски превоз, туку ги остави граѓаните без јавен превоз. Веќе петти месец откако приватните превозници не се дел од јавниот превоз, скопјани со саати чекаат на автобуските станици, а кога ќе дојде автобус тој е преполн. Приградските населби пак се целосно отсечени од Скопје.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...