Општина Центар викендов спроведе акција за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на општината. Извршени се мерења во 4 локали од страна на акредитирана лабораторија и сега се чекаат резултатите од измерените вредности.
„Ги чекаме извештаите од мерењата и доколку измерените вредности ги надминуваат граничните вредности ќе се спроведе санкционирање согласно Законот. Општина Центар многу често добива поплаки од жителите и затоа ќе продолжи со контролите за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните. Казните за надминување на граничните вредности од бучава се движат од 6.000 до 13.000 евра во зависност од големината на субјектот односно дали се работи за микро или мал субјект и досега општината има изречено неколку казнени решенија“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Во вчерашната акција учествуваше и Комуналната инспекција која што постапуваше согласно Законот за јавна чистота во однос на урбаната опрема.
Градоначалникот Герасимовски повикува сопствениците и управителите на локалите да ги почитуваат дозволените вредности на бучава, во спротивно ќе им бидат изречени глоби во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.
Leave a comment