Улицата Топаанска, на влезот пред Ромското маало е раскопана, дупка до дупка, од двете страни со расфрлано ѓубре. Долж улицата зјаат отворени шахти, вирови со вода има на секој чекор. Иако оваа улица е многу фреквентна, со оглед дека на возачите им служи како сервисна, за да ги избегнат гужвите на главните улици и булеварот во Топанско поле. Згора на се, на улицата се поставени два лежечки полицајци, кои се екстремно високи и дополнително го отежнуваат избегнувањето на огромните дупки.
Засега нема најави за реконструкција на оваа улица ниту од надлежната општина Чаир, ниту пак од Град Скопје.
Leave a comment