„Меркур е ретрограден, не е ни чудо што сè оди наопаку!“ Колку пати сте ја слушнале и изговориле оваа реченица како оправдување за некој настан кој ве вознемирил? Ајде да го разјасниме овој астро феномен за да можеме полесно да го пребродиме
Сите планети имаат свои ретроградни периоди. Она што е точно за нив, како и за Меркур, е дека сè што планетите симболизираат во ретроградната фаза почнува да излегува од контрола – така што за време на ретроградниот Меркур (планетата што ја претставува комуникацијата) може да се појават нарушувања во односите како и раскинување на договори.
Ретроградниот Меркур има и свои добри страни, иако понекогаш се чини дека целиот свет е тргнат од својата оска и дека се е превртено наопаку. Во овие периоди се случуваат ситуации од кои треба да извлечеме поука. Ова секако не е период за започнување нови проекти и акции, туку време за размислување. Времето кога треба да успориме, да прегледаме што правевме и што сме можеле да направиме, размислуваме, оценуваме… Подолу ви пренесуваме јасен водич за тоа што треба да правите за време на ретроградниот Меркур.
Ви препорачуваме:
Размислете. Дозволете да ви дојдат на ум најразлични можни идеи за решавање на проблемот пред вас. Еден од нив ќе работи.
Бидете флексибилни. Во овој период важно е да бидете трпеливи и прилагодливи. Можеби ќе треба да излезете од вашата комфорна зона за да ги решите предизвиците што ве очекуваат.
Замислете. Не се ограничувајте на концептите „можно“ или „невозможно“. Секогаш обидувајте се да ја погледнете пошироката слика.
Бидете педантни и внимателни. Во овој период важно е да бидете поорганизирани од вообичаено и да ги следите вашите состаноци, а доколку патувате особено внимавајте на распоредот на летови, тргнуња и откажувања.
Обрнете внимание на вашиот автомобил и технологија. Во овој период се може да се расипе, вклучително и автомобилите.
Забележувајте важни податоци. Подгответе се за ретрограден Меркур однапред со организирање и зачувување на безбедно место на сите важни податоци од вашиот телефон или компјутер.
Ако некоја мисла упорно ве мачи, а е поврзана со минатото, сега е време да се вратите на неа и еднаш засекогаш да ја решите ситуацијата.
Leave a comment