СЦЕНА

Концертен спектакл на Сузуки и „Профундис” со визуелни ефекти вечерва во НОБ

Сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис“ вечер со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет.

Уникатноста на овој концерт е во спојот на музиката и визуелното волшепство, па така искуството на присутните ќе биде збогатено со специјално креирани 3Д визуелни ефекти од единствениот Милчо Узунов кои со технологијата на 3Д мапинг во целост ќе ја оживеат сцената на Националната опера и балет и ќе бидат уникатно доживување кое за првпат ќе се случува во нашата земја на концерти од класичната музика.

На сцената како солист ќе настапи виртуозот на виолончело Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, кој пред македонската публика ќе се претстави заедно со врвните музичари од камерниот состав „Профундис“ под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

На концертниот спектакл „GROOVE“ (ГРУВ) ќе прозвучи оригинална програма со четири праизведби составени од класиката, преку фолклорот, до рокенролот. Ексклузивноста на програмата преку делата на Џими Хендрикс, Палп Фикшн – Мизерлоу, В.Валтон, Д.Шостакович, Офенбах, Попер и Сарасате ќе ја збогати и делото на македонскиот композитор Дарко Илиевски – „Motus folklorikus“, напишано специјално за овој настан и посветено на камерниот оркестар „Профундис“.

– Програмата концептуално е составена од избрани композиции коишто во фузија со 3Д мапингот ќе предизвикаат „напад“ на сите сетила кај публиката. Овој концерт е доказ дека креативноста не познава граници и ќе биде навистина неверојатно мултимедијално доживување кое се случува еднаш, но останува засекогаш. На наше големо задоволство во продажба се останати уште многу мал број на билети, што значи полна сала а тоа а нас уметниците е од исклучително значење, изјави маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Ова е следен во низата на концертни спектакли на камерниот оркестар „Профундис“, откако минатата година ја одбележа настапот на светски познатата виолинистка Ирина Мурезану која ја наполни концертната сала на Националната филхармонија. 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Викендов „Златно Славејче“ во Филхармонија, гостува познатиот рапер Пајак

Претстојниот викенд во Скопје ќе се одржи годинешното издание на реномираниот детски...

СЦЕНА

Омаж за Каталин Ладик и претставата „Слугинки“ вечерва на МОТ

Претставата „Слугинки“ во продукција на Турскиот театар во Скопје вечерва ќе биде...

СЦЕНА

Десетици театарски настани, претстави, предавања и промоции на 48 издание на Младиот отворен театар – МОТ

МКЦ го најавува 48-то издание на Млад отворен театар – МОТ, од...

СЦЕНА

Почна „Скомрахи 2023“, на програмата 25 филма и седум студентски пиеси

Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска...