МАГАЗИН

Кои намирници го “блокираат“ мозокот

Бројни студии покажале дека бактериите во цревата се тесно поврзани со процесите во мозокот.

Храната може да ви помогне да го подобрите вашето здравје, но исто така може да предизвика разни проблеми и промени во телото. Иако секој прво помислува на слабеење, некои внатрешни процеси исто така може да бидат нарушени со постојан лош избор на храна.

Д-р Ума Наиду, психијатар од Харвард и автор на книгата „Ова е вашиот мозок на храна“, проучувала како бактериите од цревата можат да ги стимулираат метаболичките процеси и воспалението на мозокот кои влијаат на меморијата. Претходните студии покажаа дека со избегнување на одредени групи на храна кои ги загрозуваат нашите цревни бактерии и ја ослабуваат нашата меморија и фокус, можеме да го намалиме ризикот од деменција.

Д-р Наиду вели дека се обидува да ги избегне овие пет намирници за подобро здравје и остроумност на мозокот:

1. Шеќери

Исхраната богата со шеќер може да доведе до премногу гликоза во мозокот што може да доведе до проблеми со меморијата и губење на пластичноста во хипокампусот (делот од мозокот кој ја контролира меморијата). Светската здравствена организација (СЗО) препорачува внесот на шеќер да биде помал од 10 отсто од вкупниот дневен внес на енергија, што значи дека од 2.000 калории, шеќерот не треба да сочинува повеќе од 200.

2. Пржена храна

Едно истражување покажа дека исхраната богата со оваа храна е поврзана со полоши резултати на тестовите за меморија. Причината би можела да лежи во фактот дека вака приготвената храна може да предизвика воспалителни процеси кои можат да ги оштетат крвните садови кои носат хранливи материи во мозокот.

3. Јаглехидрати со висок гликемиски индекс

Иако телото ги обработува слично како и шеќерите. Не мора целосно да ги исфрлите од исхраната, туку треба да внимавате кои ги јадете. Подобри јаглехидрати се цели зрна, храна полна со влакна и оние со понизок гликемиски индекс. Храна од која треба да јадете помалку се компири, бел леб и бел ориз.

4. Алкохол

Научниците спровеле студија долга 23 години, во текот на која следеле 9.087 луѓе на возраст меѓу 35 и 55 години за да откријат што му прави алкохолот на мозокот. Резултатите покажале дека оние кои пиеле повеќе од 14 пијалоци неделно имале поголем ризик од развој на деменција во споредба со оние кои пиеле умерено.

5. Нитрати

Тие се користат за да се спречи развојот на бактерии во месото, да се направи храната да трае подолго или да се подобри нејзината боја (виршли, сувомеснати производи). Нивното консумирање може да се поврзе со депресија, но и со некои манични состојби. Една неодамнешна студија покажа дека нитратите можат да ја променат состојбата на цревата со тоа што влијаат на рамнотежата на бактериите, кои можат да влијаат на мозокот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

МАГАЗИН

Спијте подобро: Што да јадете за подобар сон?

Спиењето е природен, релаксирачки процес во кој се намалуваат функциите на некои...

МАГАЗИН

Како да создадете здрави животни навики

„Треба само да создадете здрави животни навики“, е реченицата која сите ја...

МАГАЗИН

Апликацијата „Сигнал“ ја зајакнува приватноста

Американската компанија „Сигнал“, позната по истоимената програма за дигитална комуникација, воведува дополнителни...

МАГАЗИН

Зошто е добро да вдомите постаро куче

Вдомувањето на повозрасно куче е сочувствителна и наградувачка одлука која нуди бројни...