ИНФО

Здравствени прегледи без претходно закажан термин за новите првачиња од Карпош

Започнувајќи од понеделник, карпошани чии деца треба да се запишат во прво одделение во учебната 2023/2024 година, ќе можат да ги однесат на задолжителените офталмолошки и стоматолошки прегледи во Поликлиниката „Букурешт“, без обврска претходно да резервираат термин за таа намена. Оваа иницијатива ќе трае во текот на целата работна седмица, односно до сабота (29.04.2023), со тоа што од понеделник до петок, здравствените прегледи ќе се одвиваат од 14 до 18 часот, додека пак во сабота, прегледите ќе се извршуваат од 8 часот наутро до 14 часот попладне.

Според Законот за основно образование при упис на првоодделенците во училиште, потребно е да се приложи и потврда за извршени офталмолошки и стоматолошки прегледи на дечињата, а за реализирање на овие здравствени услуги ќе се наплаќа минимална партиципација. Според проценките, се предвидува да бидат запишани околу 615 првачиња во училиштата ширум локалната самоуправа во Карпош.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...