КУЛТУРА

МСУ носи изложба во виенскиот Кунстхале со наслов:„Ниту едно чувство не е конечно – Скопска колекција на солидарноста“

Во престижниот простор Кунстхале во Виена, кој е дел од музејскиот кварт, еден од најголемите европски културни центри, утревечер ќе биде отворена изложбата „Ниту едно чувство не е конечно – Скопска колекција на солидарноста“.

„За првпат во Виена ќе биде претставена селекција на дела од вредната уметничка колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, како резултат на соработката меѓу двете уметнички институции МСУ – Скопје и Кунстхале – Виена“, велат од МСУ.

Поканети се четири меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која ќе воспостават дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност.

„Колекцијата на МСУ е како временска капсула во која е сочувана меѓународна уметност од најславните денови на модернизмот. Поканивме шест уметници: Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул). Секој од нив избра дела од колекцијата на МСУ и ги охрабривме да изложат свои дела, правејќи интимна врска меѓу делата на големите уметници и нивната уметност. Она што е заедничко за овие уметници е нивниот посебен пристап кон препрочитување и преработка на историите на уметноста и општеството. Покрај нив ја поканивме и фотографката Елфи Семотан (Виена), која е позната по раскажување приказни преку фотографии. Таа направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ. Дополнително, од писателката Барби Марковиќ (Виена), позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност, побаравме да напише патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје“, велат од кураторскиот тим.

Според директорката на МСУ, Мира Гаќина соработката со Кунстхале е несомнено еден од најкомплексните проекти до сега и настан од национален интерес за нашата земја.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои над 5.500 дела, во Виена ќе бидат изложени 94 дела и околу 50 дела од современите уметници, вклучени во овој проект. Од колекцијата на МСУ, за Виена патуваат дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Кристо и Жана-Клод, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шеила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Гетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени и др.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Расте бројот на млади читатели кои го посетуваат Саемот на книга

Различни генерации, различни интереси за одредени книжевни жанрови на годинашниот Саем на...

КУЛТУРА

Режисерот Срѓан Драгојевиќ во Скопје за промоција на негова книга поезија во издание на ТРИ

Српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ ќе ја промовира својата книга „Чат-пат е добро...

КУЛТУРА

Започна „Крај Вардарот Џез“ – годинашното издание во чест на Мирко Попов

Во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, вчера во...

КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по повод отворањето на 36. издание на Саемот...