РИТАМ НА ГРАДОТ

ЗАНАЕТОТ НИКОГАШ НЕ ТЕ ОСТАВА, АКО НЕМА ДА ВРНЕ, ИМА ДА КАПЕ: Хембој – најстарата бојаџиска работилница

Во скопската чаршија на адреса „Дебарска“ бр. 3а постои еден дуќан уште од предземјотресно Скопје. Во дуќанот се негува бојаџискиот занает односно бојадисување на ткаенини. Тоа е една технологија која со години ја работат семејството Незири.

„Постоиме многу одамна. Прв сопственик на дуќанот беше Љупчо Бојаџиев, каде дедо ми почнал да работи како чирак на осум години. Подоцна и го откупил од него бидејќи Љупчо се отселил. Потоа татко ми го наследува занаетот, а по него и јас“ ни раскажа Амир Незири, трета генерација на бојаџија во Хембој.

Кога ќе влезеш во дуќанот, чиниш си влегол во музеј. Истиот автентичен изглед е задржан од самото основање на работилницата. Во него има стари предмети, фотографии, дипломи, стари носии, ткаенини со народни мотиви кои ги изработуваат локални жени рачно или на разбој.

На прашањето дали има интерес за бојадисување на ткаенини се уште, Амир ни одговори: „ Доаѓаат некои, повеќето не знаат дека постои вакво нешто, моја генерација не знаат, а постарите знаат“. Дуќанот и занаетот им биле оставени како аманет – Никогаш да не се затвори! „Бидејќи занаетот никогаш не те остава, иако нема работа, ако нема да тече, има да капе“- раскажува Амир.

На времето најмногу се боело волна, како килими, јамболии, а сега најмногу се доаѓа за парчиња облека. „Ние боиме се, на пример килими, џемпери. Порано имаше многу јамболии, а сега најмногу има текстил, облека. Работиме и со кожени работи, јакни, бојадисуваме чевли, патики, маици, блузи, може се да се поправи што е оштетено“ – вели Амир, но не бојадисуваат полиестер и вештачки материјали.

Се уште се работи по стара технологија, односно робата се бои во казани и треба точно да се знае кој вид ткаенина на која температура се бои и по колку грама боја треба да се стават. Робата ја издаваат мокра и непеглана бидејќи немаат услови каде да го прават тоа.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност, во Филхармонијата вечер од...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје

Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Раста го крена на нозе „Синеплекс“ на промоцијата на филмот „3211“

Познатиот српски рапер Раста, вчеравечер имаше премиера на својот филм „3211“, во...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Хуманитарен концерт „Жени за жените“

Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“....