Во Друштвото на писателите на Македонија, во соработка со Шпанската амбасада, денеска на пладне ќе се одржи омаж во чест на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.
Омажот е по повод двегодишнината од смртта на Падрон, кој беше добитник на „Златниот венец“ и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
За творештвото на Падрон ќе говори академик Влада Урошевиќ. Присутните ќе ги поздрави и Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ќе се обратат и претставник на Шпанската амбасада во Република Северна Македонија и сопругата на Падрон, Клеопатра Филипова.
Стихови од Хусто Хорхе Падрон ќе чита Ѓорѓи Калајџиев.
Leave a comment