ИНФО

Асфалтиран новиот кружен тек во Илинден

Комплетно е завршено асфалтирањето на новиот кружен тек на влезот во општината. Кружниот тек ги опфаќа главните улици 2, 8, 9 и новопроектираната улица 10 на влезот на Илинден.

„Градежните работи се одвиваат со брза динамика и наскоро граѓаните на Илинден ќе добијат комплетно уреден кружен тек кој ќе придонесе поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот во овој фрекфентен дел од општината“, изјави градоначалникот, Александар Георгиевски.

Досега завршено е асфалтирањето на сообраќајницата, а се планира и целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот, како и поставување на ново јавно осветлување, информира Георгиевски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

ИНФО

Денес и утре изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, денес и...

ИНФО

Казнети 179 возачи, 51 возеле пребрзо

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните...

ИНФО

Две лица вчера биле каснати од улични кучиња

Во текот на вчерашниот ден до полицијата стигнале две пријави за каснувања...