КУЛТУРА

ПРОПУСТ НА ДПМ ИЛИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ: Младите писатели се промовираа во празна сала, без публика

Вчерашниот настан „Во име на новото“ што го организира Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и е прв од низата настани кои се планирани за промоција и афирмација на млади македонски автори, предизвика тензии меѓу членството. Дел од учесниците реагираа во однос на организациските пропусти.

„Друштвото на писателите на Македонија објави дека има идеја за серија настани на кои ќе се разговара за најновите книжевни остварувања на членовите на друштвото со наслов „Во име на новото“ и првиот таков настан се одржа на 18 април. Бевме претставени тројца членови, јас, Иван Антоновски и Игор Анѓелков. За жал, поради, како што разбрав за време на дискусијата, недостаток на комуникација, односно неиспраќање мејл со покана до членството, на убавиот и плоден разговор модериран од секретарот Пепи Стамков, во публиката присуствуваа едвај петмина. Дури и самиот претседател на друштвото, по најавата и кусото излагање за концептот на настанот, не остана да го проследи разговорот, заради други лични обврски. Во публиката немаше ниту еден член од актуелното претседателство на ДПМ, што е уште една потврда за лошо избраниот термин за настан, што ни на самите организатори, очигледно, не им одговара.
Би било соодветно кога веќе се организира настан на кој, како што и самиот претседател се изјасни, ќе биде редовен и се надева на бројна посетеност, да се организира во термин што е соодветен за книжевни настани, односно, во вечерните часови, кога публиката е подготвена да проследи настан од културата. И се разбира, организирањето настан подразбира и бројни чекори за комуникација со јавноста и со целната група, па се надевам дека поучени од ова искуство, во иднина ќе нема вакви пропусти“ изјави Јулијана Величковска, автор и учесник на настанот.

Друштвото на писателите на Македонија со свој став околу погореизнесените реакции. „Според мене подобро да има пет квалитетни во публика отоколу 50 неквалитетни. Ова е за прв пат од Друштвото на писателите да се покрене иницијатива за афирмација на млади автори и мислам дека е за поздрав. Вчерашниот настан беше прв од низата планирани настани што го организиравме од иницијативата „Во име на новото“ и понатаму секој нареден ќе биде уште подобар. Токму заради тоа, наредниот ќе биде организиран во гимназијата „Никола Карев“ при што нема да има пропуст од аспект на публика. Меѓутоа лично јас сметам дека немаше никакви организациски пропусти од наша страна, соопштението до медиумите беше пуштено навреме, имаше доста објави и сега авторите се тие кои што треба да поканат гости за да може да има бројност на публика“ – изјави Христо Петрески, претседател на ДПМ.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

„Љубив во топка“- најновата книга на Ана Јовковска

„Љубов во топка“ е најновата книга на пистаелката Ана Јовковска која беше...

КУЛТУРА

ГЕРАСИМОВСКИ: Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на општината

“Романот на Ксенија Николова „Зад маските” е уште една успешна приказна на...

КУЛТУРА

„Поетска епизода #10“ посветена на 100 години надреализам во Буква

Во кафе-книжарницата „Буква“ вечер во 20 часот ќе се одржи десеттата „Поетска...

КУЛТУРА

Концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонска музика“ во НОБ

Со почеток во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ), ќе...