СЦЕНА

Промоција на „Кофчеже со книжни бисери“ – збирка мудри мисли од сто современи македонски писатели

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје со почеток од 19 часот, денеска ќе биде промовирана книгата „Ковчеже со книжни бисери“ од Милован Стефановски. Збирката содржи мудри мисли од сто современи македонски писатели или од вкупно триста книжевни дела.

„Основната идеја на книгата е на читателите да им се понуди екстракт од продуховената и чиста мисла забележана од перото на нашите мајстори на пишаниот збор. Не станува збор за антологија на мудри мисли од македонските автори, туку за субјективен избор направен од страна на нивни колега“,  подвлекува Стефановски.

Најстариот застапен писател во книгата е Васил Иљоски (роден 1902 година), а најмладиот е Давор Стојановски (1987 година). Иако меѓу годините на раѓање на класикот на македонското драмско творештво и на талентираниот млад романсиер има импозантен период од осум и пол децении, нивните животи во осум години се поклопуваат. Според поетот Михаил Ренџов, сите што живееле или живеат во исто време, независно од возраста, може да се каже дека се една генерација.

Вистинско освежување, и тоа не само во ликовно-графичка смисла, претставува придонесот на Мирослав Георгиевски – Миро, кој изработи рамно сто портрети-карикатури на застапените автори, специјално за оваа пригода.

Книгата „Ковчеже со книжни бисери“ (издание на Ад вербум)  на промоцијата ќе ја претстават авторите Бранко Цветковски и Живко Андревски, а извадоци ќе читаат актерите Андреј Серафимовски и Ива Милчова.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Кратки Македонски Филмови во Кинотека

Денес со почеток во 18:00 часот во Кинотека на Македонија ќе бидат...

СЦЕНА

„Суперхикс“ на 16 април ќе го промовираат албумот „Сила и нервоза“

Во просториите на Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода...

СЦЕНА

Изложба на светски познатата медалистка Надја Розева во Чифте Амам

Во тек се последните подготовки за отворањето на самостојната изложба „Медална скулптура“...

СЦЕНА

Со проекција на „Жена-Убиец / Фониса“ во Кинотека завршува Фестивалот на грчки филм

Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис...